Кривична пријава против скопјанец осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

Од:

Вчера, СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против 44-годишниот Џ.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Имено, на 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби