Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

БД., пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на Регионален центар за гранични работи Север, иако знаел дека еден работник со правосилна пресуда бил ослободен од прекршочна одговорност, не изготвил ургенција до Комисијата за вршење на психолошко советување и давање мислење за способноста на работникот во МВР да му се врати одземеното службено оружје, кое му било одземено до завршување на постапката, туку изготвил предлог за негово времено распоредување врз основа на кој работникот бил времено распореден на друго работно место, а за времено испразнетото работно место доставил предлог за времено распоредување на друг работник.

Исто така, на распишан интерен оглас не ги известил членовите на Комисијата дека работното место за кое е распишан интерниот оглас е времено испразнето и дека за ова работно место не можело да биде распишан интерен оглас, соопшти МВР.

Второ пријавената В.В., пензиониран работник, а за време на извршување на делото помошник директор во Оддел за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ, без барање од првопријавениот и без да утврди дека работното место не е слободно, објавила телеграма за интерен оглас.

Исто така, како член на Комисијата за распоредување и унапредување, не ставила забелешка и покрај тоа што била запознаена дека работното месо е само времено испразнето и се согласила со изборот на работникот за кој имало предлог за времено распоредување од началникот на Регионалниот центар за гранични работи Север.

Со ваквото дејствие, пријавените на работникот кој времено го распоредиле му причиниле штета во износ 310.268 денари.

Би можело да ве интересира

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Кривична за скопјанец за поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!