Кривична пријава против петмина струмичани и еден радовишанец

Од:

Кривична пријава добија петмина струмичани и еден радовишанец за криумчарење на мигранти.

„Денеска (02.06.2022) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, а во содејство со СВР Струмица, ОСПО при МВР и СВР Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, извршено од страна на шест лица, и тоа Б.Д.(55), М.Г.(69), И.Р.(50), К.И.(51) од Струмица и В.Д.(67) од Радовиш, по член 418-а став 3 од Кривичниот законик, а С.А.(48) од Струмица, по член 418-а став 1 од Кривичниот законик. Сите се лишени од слобода, против нив е поднесена кривична пријава, изнесени се пред Судија на претходна постапка и за сите е побарано определување на мерка притвор.

Имено, Б.Д., заедно со М.Г., В.Д. и С.А., во периодот од декември 2021 до 11.04.2022 година, го сториле кривичното дело на тој начин што В.Д. и С.А., како родител односно сестра на жртвата, извршиле продажба на 45-годишно женско лице кое имало здравствени проблеми, додека Б.Д. и М.Г., по претходен договор со В.Д., ја прифатиле жртвата во нивните домови и за определен паричен надомест на И.Р. и К.И. им овозможиле користење на сексуални услуги со лицето, стекнувајќи се со противправна имотна корист. На 10.04.2022, В.Д., за одреден паричен надомест, договорила и овозможила склучување на брак помеѓу нејзината ќерка со И.Р.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 02.06.2022 на подрачјето на Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што шесте лица се лишени од слобода и е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Приведен криумчар на мигранти во близина на село Богородица

А1он

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

Приведен криумчар на мигранти, пренесувал 12 Непалци

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен 21-годишен криумчар, превезувал 13 мигранти од Сирија

Катерина Ѓуровски