Кривична пријава против пештанка поради обид за убиство на нејзиниот сопруг

Од:

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против лицето В.Р. (32) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“.

Според полициското соопштение, пријавената во текот на вчерашниот ден на нејзиниот сопруг Ј.Р. (26) од истото село со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Повредениот итно бил пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на натамошно лекување.

Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле во кујната од семејната куќа дошло до меѓусебна турканица. Пријавената В.Р. посегнала по ножот и на својот сопруг му задала еден убод во пределот на градниот кош. Во меѓусебната турканица, пријавената В.Р. се здобила со лесни телесни повреди.

На лице место бил извршен увид од страна на полициски службеници од СВР Охрид при што одземени се два кујнски ножа, како и делови од облеката на двајцата сопружници. Врз одземените предмети ќе биде извршено криминалистичко-техничко вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип