Кривична пријава против охриѓанец за продажба на хериоин

Од:

Поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „Овозможување употреба на наркотични дроги“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето С.Д. (23) од Охрид поднесе кривична пријава.

Истражен судија при основниот суд во Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот С.Д. на 13-ти овој месец, во својот дом им овозможил злоупотреба и користење Хероин на лицата П.С. (26) од Охрид и  и Б.К. (31) од Србија со привремен престој во Охрид.  Притворениот С.Д.  неодамна набавил 20 пакувања Хероин наменета за лична употреба но и за натамошна продажба заради што извршил препакување во помали количини и ја скрил во дворот од семејната куќа. Истиот ден, тој на П.С. му продал едно пакување, а купопродажбата се случила во неговиот дом околу 17 часот каде тројцата претходно договориле средба и користеле Хероин на фолија.

Притоа, тие на лице место се затекнати во една од собите при претрес во домот на пријавениот С.Д.  Дополнително, помеѓу дрвата во куќниот двор, од страна на полициските службеници пронајдени се чорапи  во кои, скриена беше најлонска кеса со вкупно 18 помали најлонски пакувања од Хероин со кафеава боја. Хероинот, нагорените алуминиумски фолии како и другите пронајдени предмети, се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Пријавениот С.Д. како и двајцата негови другари П.С. и Б.К. се познати и регистрирани наркозависници од Охрид, против кои, СВР Охрид има поднесувано повеќе пријави за слични и други сторени казнени дела.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР