Кривична пријава против лажен геометар од Скопје

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против 50-годишниот Н.М. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, со намера да се стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда М.М., лажно претставувaјќи се дека работи како геометар и лажно ветувајќи му дека за сума од 3.161.100 денари ќе му овозможи по легален пат да добие државно земјиште на користење, со можност потоа истотото да биде откупено. Оштетениот му ги дал парите, но откако разбрал дека Н.М. не е геометар и не може да го реализира ветеното, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина