Кривична пријава против кривопаланчанец кој недозволено поседувал ловни патрони

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Крива Паланка поднесе кривична пријава против жител од селото Огут за недозволено поседување ловни патрони.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Живкица Чавдаревиќ, кривична пријава е поднесена против четириесет и шест годишниот Д.С. од кривопаланечкото село Огут, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 28 јуни 2017 година, при претрес во домот на Д.С. во селото Огут, полициски службеници пронашле и одзеле 34 ловни патрони калибар 16 мм, кои неовластено ги поседувал. Поради ова Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка кривично го гони сторителот и работи на разрешување на случајот, информира Чавдаревиќ.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски