Кривична пријава против две лица за недозволена трговија со кокаин и хероин

Од:

Од страна на БЈБ – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, на 20-ти овој месец бил лишен од слобода А.Љ.(32) од Скопје, а на 21.12.2021 до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против него и А.Љ.(24) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

– Во текот на декември годинава, двете лица, со цел стекнување на противправна имотна корист, извршиле набавка на кокаин и хероин, која во својот дом во зависност од нарачката ја препакувале во помали количини за понатамошна препродажба на корисници на наркотични дроги, изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

На 20-ти овој месец по наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај лицата, при што се пронајдени и одземени поголем износ на пари во различни валути, а при преглед на возило, кое го управувале, била пронајдена торба со ќеса со кокаин, две ќеси со 32 пакувања со кокаин, како и една ќеса со 28 пакувања со хероин. Од страна на судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски