Кривична пријава против две фирми и нивниот управител од Велес за даночно затајување од 6,7 милиони денари

Од:

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.

-Првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, наведуваат од Финансиската полиција.

Со претходнонаведените дејствија, се посочува, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица