Кривична пријава против двајца полициски службеници поради примање поткуп

Од:

Кривична пријава е поднесена против двајца полициски службеници од Крива Паланка поради примање поткуп.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од КЗ, се наведува во соопштението од МВР.

Имено, полициските службеници на 15-ти овој месец за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред јавен обвинител, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ