А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца прилепчани претепале сограѓанин и му го запалиле возилото

by А1он13/01/2018 - 11:2913/01/2018 - 12:36133
Share0

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.В. (26) и Б.Ј. (21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На 11.01.2018 година во 01.00 часот оштетениот Л.П. со неговиот другар со патничко возило ,,Пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки се паркирале пред продавница на ул. „Марксова“ за да купат јадење. Во еден момент до него се доближило возило ,,Ауди 3 “ со прилепски регистарски ознаки, во кое биле пријавените. Д.В. без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот.

Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото. П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот.

После тоа, Д.В. го зел возилото на П.Л. ,,Пежо“ и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го запалил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvrprilep

Би можело да ве интересира

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он01/10/2026 - 15:2901/10/2026 - 15:46

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео