Кривична пријава против делчевец осомничен за злоупотреба на службена положба

Од:

Делчевската полиција до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против 31 годишен делчевец осомничен дека го оштетил Здрвствениот дом во Делчево за износ од околу 800 илјади денари.

Како што информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 31-годишникот од Делчево заработил кривична пријава поради постоење на основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување, како и кривична пријава за затајување.

– Пријавениот кој бил анагажиран со договор за дело како благајник во Здравствениот дом во Делчево, во периодот од ноември минатата година до март годинава злоупотребувајќи ја злужбената положба и овластување, доверените парични средства од страна на 8 медицински сестри во 64 случаи, наместо да ги уплаќа средствата во банка на смета на Здравствениот дом ги присвоил против правно со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 800 илјади днеари, за кој износ ја оштетил Јавната здравствена установа, рече Панајотова.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски