Кривична пријава против актуелното раководство на „Левица“

Од:

„Ја информираме јавноста дека група основачи на политичката партија Левица, зад кои стои бројно членство, поднесе кривична пријава кон актуелното раководство на Левица. Ова раководство фалсификуваше документи, и ја злоупотреби својата позиција во партијата, како што ги злоупотреби и правните институции во државата со што придонесе во урнисување на правниот систем, а со цел оневозможување демократска промена и делување на членовите на партијата. И сето тоа за заштита на сопствената раководна позиција и лични интереси поради кои се киднапираше и самата партија.

На ден 03.09.2018, група основачи на Левица помеѓу кои поранешни членови на президиумот и ЦК, поддржани од повеќе од 300 членови на партијата, поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против овластеното лице т.е. лице кое ја застапува и претставува политичката партија Левица, за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа, и против лице Н.Н. во Основниот суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

До сознанијата за вакво сторено кривично дело, членови на партијата доаѓаат, при свикување на вонреден пленум, на кој поради незадоволство од раководството на партијата, членството гласа недоверба на постојниот ЦК и Президум, недоверба на Трибунатот, недоверба на овластено лице како и на лицето овластено за материјално-финансиско работење и носи одлука за нови управни органи на партијата. Одлуката се носи во Основниот суд – Скопје II, каде се наоѓа и судскиот регистар на политички партии, како би се извршила промената на овластеното лице.

Во текот на рочиштето, судот ја изложи на увид регистрациската влошка со сите документи, во која постои и документ заверен со потпис од овластеното лице од раководството на партијата, кој никогаш не бил изгласан на основачкото собрание и кој не постои во листата на поднесени документи при самата регистрација, а за чие постоење основачите прв пат дознаваат на тоа рочиште, при што констатираат дека станува збор за документ кој раководството го фалсификувало без знаење на пленумот. Второ кривично дело и злоупотреба на правните институции на државата е што тој документ се нашол во регистарската влошка, после регистрацијата, што се докажува преку фактот дека не постои во барањето за запишување во судски регистер каде се наведени сите документи кои се поднесени за регистрација на партијата.

На тој начин раководството на партијата го корумпирало правниот поредок за да се заштити од волјата на членството и прекршило закони за свое лично обезбедување. Со оглед на правната екпертиза на раководството, тие точно знаеле дека ги кршат статутот, сите правни акти на партијата како и законите на државата. Ако раководството на Левица е во состојба да ја злоупотреби сопствената партија и да крши закони за да осигура свое владеење наместо демократски избор на кој членството ќе ја изрази волјата, не сакаме ни да помислиме како би ја злоупотребиле државата и законите за да обезбедат недемократско владеење. Како да веруваме дека раководството го брани Уставот на државата ако го крши законот за да се спаси од демократскиот глас? Како да веруваме на било која правна експертиза и анализа на раководството на партијата, ако свесно корумпираат судски систем за да обезбедат непречено владеење?“, се вели во соопштението потпишано од Перо Оџаклиески од Скопје, основач и член на Президиум, Владимир Куновски од Скопје, основач и член на ЦК, Андон Андоновски од Скопје, основач и член на ЦК, Марјан Ненов од Скопје, член на ЦК, Петре Вртаноски од Скопје, основач и член на ЦК, Страшо Наумоски од Прилеп, основач и член на ЦК, Јане Илиоски од Прилеп, основач и член на ЦК, Петко Манчевски од Прилеп основач и член на ЦК, Димче Божиновски од Прилеп основач.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права