Кривична пријава против 14 лица и четири фирми кои вршеле злоупотреби со превозот за ученици

Од:

СВР Куманово до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 13 лица лица од Куманово и Скопје, и едно лице од село Режановце кумановско, како и против четири фирми, од кои две од Скопје и две од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од 2011 до 2017 година.

-СВР Куманово до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против десет лица од Куманово: М.Ј.(60), М.С.(59), Г.Д.(41), Ж.М.(50), В.С.(54), С.С.(47), Д.С.(39), М.Д.(36), Л.Л.(62), Г.Д.(52), против три лица од Скопје и едно лице од село Режановце кумановско, Ј.П. (52), Ѓ.В. (52), М.К. (45) и И.Т. (43), како и против четири правни лица (фирми), две од Скопје и две од Куманово а заради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела, соопшти МВР.

Имено, пријавените се сомничат дека во периодот од 2011 до 2017 година ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „фалсификување исправа“ и „помагање“. Притоа, тие со ваквите дејствија го оштетител буџетот на државата за износ од 39.815.609 денари или за нешто над 600.000 евра.

Според документираните сознанија од истрагата во периодот од 2011 година до декември 2017 година, пријавените со намера да се оствари противправна имотна корист на штета на буџетските сретства на Р.С. Македонија, обезбедени преку Министерството за образование и наука, а како блок дотации доделени за превоз на ученици за три основни училишта во општината Старо Нагоричане, организирале група од вработени во општината, директори на основните училишта и превозник од Куманово при што ја злоупотребувале постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, изготвиле фалсификивани договори и на тој начин овозможиле правните лица да ги исполнат условите предвидени во тендерската документација.

По ова, при користење на возилата за превоз на ученици за други намени, ги игнорирале претходно склучените договори за превоз, одобрувале и потпишувале фактури за извршени превозни услуги поединечно за секој месец со непрецизирани податоци без наведени релации, без број на ученици со многу повисоки фактурирани цени од договорените. Со ваквите дејствија и со признавањето на фактурите со невистинита содржина, пријавените го оштетиле буџетот на РСМ за износ од 39.815.609 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Кривична против полициски службеник осомничен за насилство

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Кривична против приватна здравствена установа од Охрид и нејзиниот директор

МВР: Гостиварка со нож ранила вработен во казино

Полицаец од Охрид истепал граѓанин, МВР му поднесе кривична пријава

Горан Наумовски