Кривична пријава и куќен притвор за скопјанец осомничен за „изнуда“

Од:

СВР Скопје до Основното Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против Д.Х.Н.(55) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „изнуда“.

Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист, Д.Х.Н, соопшти денеска МВР, во вторникот околу 12,15 часот во адвокатската канцеларија на оштетениот Ж.Б.(45), со упатување на сериозни закани дека ќе го убие него и фамилијата го присилил да му даде 300 евра.

Имено, пријавениот во периодот од 2009/2013 година во повеќе наврати од мобилен телефон му се јавувал на оштетениот, а често одел и во неговата адвокатска канцеларија и со закани по неговиот живот и животот на неговата фамилија му барал околу 20.000 евра, кои средства му биле потребни за купување на стан. Откако оштетниот повеќе пати во горенаведениот период му кажувал на пријавениот дека не сака да му даде пари, бидејќи не му должи, Д.Х.Н. раеволтиран продолжил да му се заканува по неговиот живот и животите на неговата фамилија.

Од страна Единицата за насилен криминал при СВР Скопје по извршеното кривично дело пријавениот е лишен од слобода и приведен во Полициската станица во Кисела Вода. При извршениот преглед кај истиот се пронајдени 300 евра, банкноти во апоени од по 100 евра што предходно биле крим-технички обработени, како и нож на расклопување.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа