Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Од:

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера изби во болницата „8 Септември“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица му се заканувале на персоналот што работи во ковид-центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

„По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ ‘8 Септември’, при што од страна на полициските службеници преземени биле мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид-19“, велат од МВР.

Синот на починатата кој е позитивен на коронавирусот е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а ќе му биде поднесена и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска