Кривична и притвор за возачот на камионот што предизвика сообраќајка кај скопската обиколница

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ против возачот на камион што предизвика тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница при што загинаа две лица.

Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на обвинителството, на лицето му опреди мерка притвор во траење од осум дена.

– Осомничениот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички. Кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на сообраќајна лента и не ја приспособил брзината на условите на патот и на густината на сообраќајот. Од тие причини не можел навреме да го запре камионот и удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа, се наведува во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење од осум дена, информираат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар