Кривична и притвор за полициски службеник осомничен за „криумчарење мигранти”

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против полицискиот службеник А.Х.(29) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

МВР денеска соопшти дека А.Х. на 29.10.2014 година, во договор со лицето Р.С.(33) од Скопје за одреден паричен износ прифатиле и се обиделе да превезат илегални мигранти, од подрачјето на Гевгелија до Скопје, со цел нивно понатамошно криумчарење кон некоја од западноевропските земји. Тие со две возила се упатиле кон Гевгелија, каде по пронаоѓање на група на мигранти на одредено место во близина на Гевгелија ги прифатиле мигрантите и се упатиле кон Демир Капија.

Во близина на село Милетково од страна на патролни полициски тимови од Демир Капија и од граничниот премин Богородица, било забележано возилото кое го управувал Р.С. и бил направен обид за запирање.Возачот не застанал на знакот на полициските службеници и се дал во бегство.

Во возилото биле пронајдени шест сириски мигранти и тоа пет возрасни и едно дете. Истовремено, од страна на патролните тимови било приметено и возило „Голф 3” кое го управувал А.Х., како на паркинг простор кај село Милетково, извршило истовар на пет мигранти, а со цел тој да не биде фатен, го завртел возилото и се упатил кон Гевгелија. Но, од страна на патролните тимови, бил стигнат кај село Смоквица и приведен во ПС Гевгелија, додека мигрантите не биле пронајдени.

По преземени мерки и активности, од страна на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал било утврдено дека возач на другото возило бил Р.С., кој подоцна е пронајден и приведен и против него на ден 07.11.2014 година, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Со А.Х. од страна на полициски службеници бил извршен службен разговор во просториите на ПС Гевгелија, но поради немање доволно докази тој бил пуштен на слобода. По преземени дополнителни мерки и активности и обезбедени дополнителни докази за лицето на ден 22.01.2015 година, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Од страна на Судија на претходна постапка му е одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ