А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судот до Џафери: Ова е прв пат Собранието да не донесе одлука

by А1он27/02/2019 - 15:5227/02/2019 - 16:40305
Share0

Неприфатливи се изјавите дека Судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што Судот не може своеволно и спротивно на законот да определува било какви мерки за обезбедување доколку за истото не се создадени услови, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд во врска со недонесувањето на одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници во Собранието, за кои, Јавното обвинителство достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување.

Добивај вести на вибер

-Доколку Обвинителството поднесе нов предлог поради нови или изменети околности, Судот веднаш ќе се обрати до Собранието и доколку навремено се добие одлука од Собранието, веднаш ќе постапи, истакнуваат од Судот.

Во соопштението е наведено дека од Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден доставило известување дека не донеле одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои ЈО достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување.

-Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството. Имајќи го предвид известувањето и одредбите од ЗКП, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот, се наведува во соопштението.

Во врска со наводите на претседателот на Собранието дека „Судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека Судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката“, од Кривичниот суд појаснуваат дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење според кој Обвинителството е овластен предлагач на мерките за обезбедување присуство, а Судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет.

-Впрочем, како што јавноста беше известена, и во однос на првиот предмет од 01.02.2019 година,така и во вториот предмет од 20.02.2019 година кога се доставени предлози за определување мерки притвор за Љ.Д. и Т.В., кои се повикуваат на пратенички имунитет, Судот веднаш се обрати до Собранието со барање за произнесување околу нивниот имунитет, се наведува во соопштението.

Од Кривичниот суд велат дека сме сведоци за прв пат Собранието, кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, да не донесе одлуки, а со тоа да го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците.

krivicensudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски30/12/2025 - 17:0430/12/2025 - 17:33

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Горан Наумовски19/11/2025 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 19:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен