Кривичен суд: Барањата на одбраната за одложување на „Рекет“ се начин за одолговлекување на постапката

Од:

Барањата на одбраната за одложување на случајот „Рекет“ судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката, имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет и дека се исполнети сите услови – односно, судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во однос на денешната главна расправа за предметот „Рекет“ одбраната на обвинетата Катица Јанева, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, доставила барање за одлагање на идните закажаните расправи во кое наведува дека бранителот Ирена Фрчковска ја користи мерката на Владата со која еден родител на дете помало од 10 години се ослободува од работни обврски заради чување на деца, бранителот Дељо Кадиев има здравствени проблеми, додека обвинетата Јанева има хронични болести.

– Судот откако го разгледа ваквото барање ја извести одбраната дека во судот се преземаат сите мерки согласно препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ за заштита од ширење на Ковид – 19 вирусот, и како што и претходно ја известивме јавноста – судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици. Имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет, а согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда за судење на сите итни и недоложни расправи, ваквите барања на одбраната судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот ја задолжил одбраната да се однесува одговорно спрема судот и доследно да ги почитува правата на обвинетите во постапката и денешната расправа ја одложи за веќе закажаниот термин 26-ти март до кога бранителот Ирена Фрчковска е должна да ги организира семејните обврски како би можела да присуствува на судењето.

– Доколку адвокатите и понатаму се спречени да присуствуваат на идните расправи да обебзедат свои заменски бранители бидејќи во спротивно судот на обвинетата ќе и назначи бранител по службена должност, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Анита Петровска Рајковиќ

Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Кристијан Ландов