Критики за Протоколот: Понижувачки и страшен, не смееше да се потпише ваков документ!

Од:

Протоколот кој го потпиша министерот Бујар Османи наиде на остри критики и негативни реакции кај јавноста. Професори, ексфункционери, невладини активисти се само дел од оние кои сметаат дека протоколот не нуди реципроцитет, се исполнуваат бугарски барања, историјата стана дел од преговарачката рамка, а Бугарија добила се што посакала, додека Македонија има само блокади. Слични критики има и на социјалните мрежи како „Твитер“. Таму се бара и одговорност од Владата, министерот Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и премиерот Димитар Ковачевски.

За професорката Мирјана Најчевска, протоколот е понижувачки срамен.

„Го прочитав Протоколот. Страшен е и понижувачки и неприфатлив. Немам живци сега да ставам детална анализа. Ќе го направам тоа штом ќе ми престане аритмијата. И не. Не смееше ваков документ да потпише ниту еден министер од Северна Македонија. А најмалку етнички Албанец. Срамно“, напиша Најчевска, која во коментарите дообјасни: „Сите овие години етничките Албанци во Македонија се бореа против дискриминација и за заштита на јазикот и идентитетот. Очекував дека тоа истото ќе го направат и за своите сограѓани етничките Македонци. Јас го знам и со тој документ се задира и во идентитетот и во јазикот и во самоопределувањето и во историјата“.

Жанета Трајковска, директор на Институтот за комуникациски студии, народски објасни како го разбира потпишаниот протокол.

„Принципот на реципроцитет меѓу Македонија и Бугарија е отприлика ваков: Македонија евентуално ќе може да плукне одалеку во насока на Бугарија во меѓуграничен простор, а Бугарија ќе може барем три пати на ден да ја блокира Македонија ако некогаш почне ЕУ преговори, кои нели ќе бидат блокирани се додека не се отвори Уставот и не влезат македонските Бугари во него. Во меѓувреме милно ќе ни пеат ‘чакам те да дојдеш, чакам те с’с бујна страст’“, напиша Трајковска.

Реакција имаше и од Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и аналитичар. Во насока на тврдењето од Бујар Османи кој рече дека договорот е со реципроцитет, Хајредини тврди: „Никаков реципроцитет за исполнување на некои обврски, не е можен ни потребен меѓу било која држава што е членка на ЕУ, и некоја друга што допрва треба и моли да се зачленува“.

Малинка Ристевска-Јорданова, која е еден од најгласните критичари на францускиот предлог, прашува: „Државново толкување на реципроцитет ќе влезе ли во учебниците на Правниот факултет?“.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on