Креко: Со азилот за Груевски, Орбан чекор поблиски до Русија

Од:

Во став објавен на европскиот медиум ЕУ Обсервер, унгарскиот аналитичар Петер Креко ги набројува причините зошто Орбан му додели азил на Никола Груевски и како тој се оддалечува од Западот.

Креко од институтот „Политикал Капитал“ во Будимпешта пишува дека и покрај изјавите дека одлуката за азилот на македонскиот експремиер е заснована исклучиво на закон, всушност станува збор за лична одлука на Орбан. Според него, фактот дека толку бргу му е обезбеден статусот на азилант е знак за „јасна политичка вмешаност“ во одлуката.

Авторот потсетува на изјавата на Орбан дека „сојузниците треба да ги третираме со почит“, алудирајќи на Груевски кого го смета за соборник во битката против Сорос и миграцијата, а не на НАТО и ЕУ.

Според аналитичарот, се поставува прашањето зошто унгарскиот премиер се сомнева во македонското судство и посебно во СЈО, кое беше „создадено со целосна поддршка од ЕУ“.

-Орбан одеднаш го обвинува македонскиот судски систем за политизираност, што е посебно иронично, кога во последните пет години Унгарија ниту еднаш не го критикувала македонското судство и не отфрлила ниту едно барање за екстрадиција од Македонија – околу петнаесет во последните години, вели Креко.

Со оглед на тоа дека потегот со Груевски ризикува да ги влоши односите на Будимпешта со Вашингтон и Брисел, авторот прашува зошто Орбан се одлучил да преземе ваков ризик?

Првата причина, според Петер Креко, е што Орбан во поранешниот македонски премиер гледа идеолошки сојузник против Сорос и миграциската политика и со тоа им испраќа порака на неговите “источни пријатели: не за НАТО, туку за нив“.

Втора причина е порака до западните партнери од Орбан дека „не ме засега тоа што го зборувате“.

-Унгарската одлука е јасна индикација дека Будимпешта не гледа потреба да се усогласи со интересите на Вашингтон или Брисел. Наместо тоа, Орбан сака да добие на тежина со атипични потези кои ќе ги разлутат сојузниците и со тоа да ја крене Унгарија како поважна земја кога се преговара за круцијални теми, вели Креко.

За крај, со овој потег, Орбан им се додворува на „важни играчи на Истокот“, потсетувајќи на постојаната поддршка на унгарската Влада за политиките на Груевски и покрај тоа што неговата партија се противи на Преспанскиот договор потребен за влез во НАТО.

Тоа, вели авторот, не се објаснува преку интересите на надворешната политика на Унгарија бидејќи таа конзистентно во последните дваесет години ја поддржува евроатлантската интеграција на Западниот Балкан. Овој потег им служи само на интересите на Русија, смета Креко.

– Иако поранешниот премиер на Македонија не и е корисен на Русија на политичко ниво, неговите политички гледишта се во согласност со руските интереси и можат да бидат промовирани од страна на руската дезинформација во Македонија и Русија, вели Креко.

Понатаму тој потсетува дека Унгарија исто така ја блокира и Украина на нејзиниот евроатлантски пат поради спор за украинскиот закон за образование, но и на други мрачни бизнис врски на Орбан, спортивни на западните интереси.

-Општиот став за Орбанова Унгарија е дека и покрај демократското назадување на земјата, Унгарија останува партнер од доверба во ЕУ и НАТО и секогаш ја поддржува Алијансата во најкритичните последни мигови. Иако тоа беше точно во првите години од враќањето на власт на Орбан во 2010, има сѐ повеќе и повеќе индиции дека ситуацијата се менува, смета Креко.

Додава дека лојалноста на Будимпешта сѐ повеќе се врти кон „новите“ сојузници на Истокот.

-Орбан е уверен дека што и да направи тоа ќе остане без сериозни последици од ЕУ, НАТО, ЕПП и Вашингтон. Досега беше во право. Ако ситуацијата остане ваква, тој ќе продолжи да чекори кон Истокот, истовремено уживајќи ја безбедноста на западните институции како ЕУ и НАТО и капитализирајќи на нивното отсутво на акција, заклучува аналитичарот.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on