Кредитот предвиден за катна гаража, Општина Центар ќе го пренамени за изградба на новото училиште

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање на ново општинско основно училиште. Ова ќе значи исполнување на уште едно предизборно ветување, со што граѓаните на најголемата населба во општината, конечно ќе добијат свое основно училиште.

„За изградба на училиштето, општината ќе се земе заем во износ од  297.750.000,00. Ова задолжување нема да биде ново оптоварување на буџетот, туку практично пренамена на средства од веќе планирани задолжувања. Имено, општината го раскина договорот, потпишан од претходниот градоначалник Тодоровиќ, за кредит за изградба на катна гаража кај „Нова Македонија“, а тоа планирано задолжување го пренаменува за училиштето. Со оваа одлука, новото општинското раководство одлучи приоритет да даде на изградба на ново основно училиште, а не на катната гаража.

Новото училиште ќе го носи името „Капиштец”, како истоимената населба. Ќе биде за деца од 6 до 15 годишна возраст, со капацитет од 500 ученици. Таканаречената „школа-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците “Васил Ѓоргов“ и “Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3142 м2.

Училиштето ќе ги задоволи сите стандарди за современо образование, ќе биде изградено со примена на современ рхитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетитеќе имаат најсовремена опрема, греењето ќе биде подно, а ќе биде овозможен и пристап на лица со посеби потреби.

Заложбата на општина Центар за заштита на животната средина ќе се реализира преку т.н. „зелена маса“, којавклучува и ботаничка градина. Веќе е почнато расчистувањена теренот за изградба на првото основно училиште „Капиштец“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар