Кражба во угостителски објект во Теарце

Од:

Околу 4.500 евра штета претрпел Џ.М.(39) од тетовското село Слатино откако засега непознати сторители провалиле во неговиот угостителски објект „Виа Дарданија“ во Теарце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Настанот се случил вчера помеѓу 3 и 18 часот при што сторителите го скршиле изложното стакло и по влегувањето во објектот одзеле три синтисајзери од различни марки и два звучника причинувајќи вкупна материјална штета од околу 4.500 евра.

Јосифовски рече дека е извршен увид и се расветлуваат поединостите поврзани со кражбата.

Би можело да ве интересира

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска