Кражба во стан во Скопје

Од:

Пиштол марка „Аркус“, калибар девет милиметри, со рамка со 15 куршуми и уште две рамки за пиштол, 55 куршуми, два часовника, златно ланче, алка и 3.000 денари се украдени синоќа од стан во Скопје.

Според МВР, кражбата се случила меѓу 19 и 00:10 часот во стан на улицата „Хераклеа“, сопственост на Х.К. (43).

Сторителот, засега се уште непознат, со погоден клуч или калауз ја отворил влезната врата, влегол во станот и пред кражбата извршил пребарување.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски