Кражба во стан на албанска државјанка во Тетово

Од:

Околу 420 илјади денари штета претрпела албанската државјанка С.М.(31) откако засега непознати сторители изминатата ноќ извршиле тешка кражба во станот во кој таа времено претстојувала на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ без број во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Крадците го искористиле нејзиното отсуство, насилно ја отвориле влезната врата од станот, целосно ја пребарале внатрешноста и од спалната и другите простории одзеле повеќе парчиња разновиден златен и накит од „Сваровски“, три женски часовници, два мобилни телефони како и 2.000 евра во разни апоени кои биле во паричник, 30 илјади денари и лаптоп. Вкупната материјална штета според С.М се проценува на околу 420 илјади денари, рече Јосифовски.

Полицијата извршила увид и превзема активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница