Кражба во пошта во Маџари

Од:

о поштата во скопската населба Маџари која се наоѓа на улицата „Благоја Стефковски“ ноќеска е извршенa тешка кражба, при што се одземени сеф и торба со монети.

Полицијата денеска информира дека ноќеска околу 4 часот и 30 минути е забележано возило марка „фиат фиорино пикап“ со скопски таблички кое откако го видело полициското возило почнало да се движи со голема брзина по што возачот избегал.

Во возилото е пронајден сефот и една торба со монети. По преземени мерки констатирано е дека истата вечер на паркинг на булеварот „АВНОЈ” било одземено возилото со кое е извршена кражбата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка