Кражба во гостиварско, украдени пари, накит и верски книги

Од:

Непознати сторители од куќа во гостиварското село Долна Бањица украле пари, златен накит и верски книги.

Кражбата, како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во Полициската станица Гостивар ја пријавил гостиварецот С.И. (51). Тој рекол дека во периодот помеѓу 19:30 часот и 21:00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа село Долна Бањица.

Сторителите насилно го отвориле прозорецот од кујната, влегле внатре и од спалната одзеле женска чанта со 2.500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија одзеле женски паричник со 100 евра, 3.000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка, по што го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби