Кражба во Гостивар, одземени 13,5 илјади евра и злато

Од:

Непознат сторител вчера во Гостивар од куќа сопственост на А.З. (32) извршил кражба при што од метален сеф одзел 13.500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од 15.400 евра.

МВр соопшти дека сторителот искористил прилика низ незаклучената врата влегол во куќата извршил пребарување ги пронашол наведените работи и ги одзел по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 29.000 евра.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби