Кражба во црквата „Свети Никола“ во село Копанце

Од:

Вкупна материјална штета од 2.200 денари била причинета на црквата „Свети Никола“ во тетовското село Копанце по кражбата извршена од непознати сторители ноќта помеѓу петок и сабота, информира портапролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот го пријавил во текот на вчерашниот ден Ч.Е.(73) од Копанце. Според неговата пријава и полицискиот увид било утврдено дека сторителите влегле во црквата откако го скршиле стаклото од влезната врата, по што од внатрешнота на црквата одзеле околу 1.700 денари во разни апоени.

Полицијата презема мерки и активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма