Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

Од:

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.А.(26), Ш.А.(30), Е.А.(23), М.А.(22), Р.А.(18) и Г.А.(21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 и против С.В.(37) со привремен престој во Струмица и А.Ш.(43) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.

На 22.11.2024 и 23.11.2024, првите шест пријавени со употреба на подесен алат од парцела кај место викано Маренски рид, во близина на село Марена, одзеле електричен кабел наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја.

Додека, пак, останатите две лица го откупиле бакарот и каблите.

Со ваквото дејствие пријавените предизвикале материјална штета на правно лице од Скопје од околу 915.000 денари.

Би можело да ве интересира

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Јакимовски: Со поставувањето на фотоволтаици ќе се придонесе за поздрава и почиста животна средина

Горан Наумовски

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон