Краток спој на кабел или телевизор причина за пожарот во зграда во Македонска Каменица

Од:

Краток спој на телевизорот или на продолжниот кабел во дневната соба од станот на петтиот спрат во зградата на улицата „Рударска“ во Македонска Каменица, е причината за пожарот кој вчера попладне ја зафати зградата. Ова се првичните информации од надлежните кои денеска вршеа увид на местото каде избувна пожарот.

Билансот од вчерашниот пожар на зградата е еден целосно уништен стан, во неколку се причинети минимални штети, а на зградата целосно изгоре и кровот.

Како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, денеска на расчистување на штетите работат екипи од јавните претпријатија.

– Среќа во несреќа е што при овој голем пожар немаше човечки жртви. Причинета е голема материјална штета. За утврдување на нејзината проценка, формиравме координативно тело, составено од инженери, кои ќе направат увид во зградата. Потоа планираме, заедно со општинскиот Совет, да донесеме одлука и финансиски да му помогнеме на семејството чиј стан целосно изгоре во пожарот, како и да помогнеме да се изгради нов кров на зградата, рече Митевски.

Станарите кои живеат во зградата зафатена од пожарот најавија дека од понеделник ќе започнат со хуманитарна акција за собирање средства за помош на семејството чиј стан целосно изгоре.

Инаку, пожарот во зградата избувна вчера околу 14 часот, а беше целосно изгаснат околу 19 часот. Во гаснењето на пожарот освен пожарникарите од Македонска Каменица учествуваа и противпожарни едници од Делчево, Виница, Кочани и Штип.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски