Крамариќ е запознаен со актуелните случувања и притисоците врз општина Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска, во својот кабинет, го прими амбасадорот на Хрватска, Златко Крамариќ.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба во двете држави и во регионот.

Хрватска, останува подржувач на евро-атланските аспирации на Република Македонија.

Добредојдени се искуствата на Хрватска за исполнување на задачите и спроведување на неопходните реформи на патот кон ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Крамариќ е запознаен со актуелните случувања и притисоците врз општина Центар.

За жал, констатираа Жерновски и Крамариќ, досега нема поконкретна соработка и збратимување на општина Центар со општина во Хрватска, и се согласија дека во наредниот период ќе се работи на тоа поле, за да можат пријателските односи да се продлабочат на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар