Крајслерите на полицијата ќе станат такси возила

Од:

Крајслерите на полицијата ќе ги возат таксисти откако во МВР ќе пристигнат новите полициски возила марка Шкода Јети.

Според весникот Дневник најверојатно старите полициски возила од страна на полицијата ќе се најдат на продажба.

Крајслерите трошат многу гориво, меѓутоа само кога се користат од полицијата. Според експертите возилата освен при патролирање, многу гориво трошат и додека стојат, причината е затоа што со работењето тие овозможат греење и ладење во зависност од временските услови.

Доколку на крајслерите им се вградуваат плински уреди, според Дневник, возилото може да стане одлично такси возило.

МВР веќе ги продаде и старите комбиња, популарно наречени марици, извори на Дневник велат дека нив сега најчесто ги возат молерите.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа