Крадел од почината жена

Од:

Засега неидентификуван крадец од стан на почината жена во центарот на Скопје украл предмети во вредност од 600 илјади денари.

Кражбата била пријавена во петокот напладне во полициската станица Центар, од блиска на починатата во чија сопственост бил станот.

Било констатирано дека непознатиот крадец одзел три кутии со разни садови од кристал, вазни и други предмети, четири чешми, правосмукалка, хауба за сушење коса што севкупно се проценува на вредност од околу 10 илјади евра, што се квалификува како кривично дело „тешка кражба”.

Кражбата била извршена, како што утврдила полициската екипа за увид, така што непознатиот се префрлил на балконот на првиот кат и насилно ја отворил вратата, потоа влегол внатре и вршел пребарување низ станот и ги спакувал предметите во кутии.

Потоа раскомотениот крадец се симнал во подрумот, го затворил вентилот за вода и ги демонтирал сите чешми во станот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби