Крадецот во црквата во Горна Бошава украл околу сто илјади денари

Од:

Крадецот во црквата во кавадаречкото Горна Бошава украл околу илјада и петстотини евра во денарска противвредност, книжни и железни, ги оставил само петденарките. Ова го откриваат за МИА жители на селото во кое пред седум месеци беше ограбена црквата, барајќи информации за тоа дали е фатен крадецот.

Не се знае дали тој немал време да ги земе и петдинарките, не ги забележал, или пак станува збор за суеверие.

– Во врска со тешката кражба во црквата „Свети Илија“ во село Горна Бошава, Кавадаречко, што се случила во периодот од 15.10 до 30.10.2017 година, Ве известуваме дека од страна на Полициската станица Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, на 30 април 2018 година е поднесена кривична пријава против лицето О.В. од Кавадарци, стои во писмениот одговор што до МИА го испратија од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби