Крадци одзеле бакарни елементи од трансформатор во близина на манастирот „Свети Константин и Елена“

Од:

Непознати сторители од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Тие противправно се стекнале со вредност од околу 8.000 денари, а на трансформаторот нанеле штета околу 360.000 денари.

– Во временски период од 11:00 часот на 19 мат до 05:00 часот на 20 март во село Вратница, тетовско, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба така што од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале сторителите на кражбата се проценува на 8.000 денари, додека вредноста на оштетениот трансформатор на околу 360.000 денари, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски