Жители на Патишка Река измамиле тетовец, му ја украле колата што наводно сакале да ја купат

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(18) и Н.А.(29), двајцата од скопското село Патишка Река, во општината Сопиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 7 септември годинава, К.З.(50) од селото Доброште, тетовско, на интернет-страница објавил оглас за продажба на неговото возило „фолксваген тигуан“, а веќе наредниот ден му се јавил М.А. и се договориле да се сретнат за да го види возилото. Истиот ден М.А. и Н.А. дошле во Тетово и се договориле за купопродажба на возилото и направиле нотарски договор.

Во моментот кога Н.А. отишол во банка да ја уплати договорената сума, М.А. искористил згодна прилика и избегал со возилото, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип