Крадци нападнале скопјанка додека спиела

Од:

Двајца разбојници нападнале скопјанка на спиење. Како што информираат од МВР, вчера на 10 минути после полноќ на улицата Славка Недиќ, во куќа сопственост на С.Ц., маскирани лица со капи фантомки на главите влегле преку кровот од куќата во спалната соба каде што лежела, по што едниот ја фатил за устата, но С.Ц. успеала да го оттурне и почнала да вика за помош.

Повикот го слушнал нејзиниот син С.Ц. кој бил во друга соба од каде излегол во претсобјето и по кратка турканица со насилниците, тие ја отклучиле влезната врата со клучот кој стоел од внатрешната страна и без да одземат ништо се оддалечиле во непознат правец. При тоа направиле материјална штета од околу 2.000 денари

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби