А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

КПТ: Потребни се радикални промени во македонските затвори

by А1он20/12/2012 - 10:56181
Share0

Комитетот за превенција на тортура на Советот на Европа (КПТ) денеска го објави извештајот по ад-хок посетата на Република Македонија извршена во ноември 2011 година, исто како и одгворот на македонските власти на забелешките на КПТ, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Добивај вести на вибер

За време на посетата од 2011 година, делегацијата на КПТ посебно се занимаваше со затворските услови во Идризово, за кои имаше бројни препораки по претходните посети. Најновиот извештај на КПТ забележува дека насилничките акти од страна на некои чувари врз затворенците, застрашувањата и насилството меѓу затворениците остануваат и понатаму значаен проблем. Друг проблем се затворските услови, кои се целосно незадоволителни за најголемиот број од затворениците во овај затвор (како на материјален план, така и на план на затворскиот режим).

Во извештајот на КПТ се  наведува дека се потребни радикални измени за да се надминат слабостите, при што на македонските власти им се препорачува професионално раководење со затворите.

Кога станува збор за лицата кои се превентивно затворени во затворите во Скопје и Тетово, извештајот ги повторува претходните долгогодишни препоркаи на КПТ за да затворените лица кои се сместени во колективни ќелии имаат најмалку 4м2 животен простор, како и подобрување на материјалните услови. КПТ го критикува исто така и заворскиот режим кој затворениците ги држи по 23 часа дневно во нивните ќелии.

КПТ дава и специфични препораки за начинот на однесувањето и третаманот кон малолетниците кои се превентивно затворени во затворот во Скопје и во воспитно-казнениот центар во Тетово.

Македонските власти во одговорот на извештајот на КПТ, за кој дадоа согласност да биде објавен, даваат серија на информации за акциите кои се преземаат за спроведување на дело на препораките на Комитетот за превенција на тортурата, посебно строгите мерки кои се однесуваат на затворскиот персонал кои користат прекумерна сила врз затворениците, какои за подобрувањето на материјалните услови во посетените затвори.

zatvor

Би можело да ве интересира

Уапсен е осмиот затвореник кој избега од затвор во Њу Орлеанс, уште двајца се во бегство

Горан Наумовски27/05/2025 - 14:36

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

Горан Наумовски08/06/2024 - 15:39

Осуден на 10 години затвор, избегал и повторно крадел – уапсен криминалец баран по централна потерница

Анита Петровска Рајковиќ30/05/2024 - 11:12

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

A1on22/05/2024 - 14:57

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Горан Наумовски16/05/2024 - 14:37

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Анита Петровска Рајковиќ17/04/2024 - 12:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен