Ковид-19: Новиот вид ја однесе првата жртва, скок на бројот новопримени во ковид центрите во Скопје

Од:

Со три потврдени случаи на британскиот вид коронавирuс и Македонија влезе во редот земји кај кои го има мутираниот сој. Едно од трите заразени лица е починато, останатите две се водат како оздравени. Ниту едно од овие три лица не патувало во странство, покажуваат епидемиолошките анкeти велат здравствените власти.

Статистичките податоци за новозаразени и починати и натаму одржуваат стабилно ниво со исклучок на брoјот на новопримени во ковид центрите во главниот град во последните 24 часа. 43 нови пациенти имаше вчера во Скопје што е двoјно повеќе од вообичаените бројки во последниот период.

Нови 325 случаи на Ковид-19 од направени 2.589 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство. Починаа седум лица, сите во болнички услови, а оздравени се 479 пациенти.

Вкупниот број на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројот на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354. Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид -19.

Од новите позитивни на Кпвид-19, најмногу има во Скопје – 151, Тетово – 27, Кавадарци – 17, Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11, Битола и Струга по девет случаи, Гевгелија – осум… Од вкупно 479 оздравени пациенти, во Скопје се 358, Охрид – 46, Струга – 13, Струмица и Прилеп по 11, Кавадарци – девет… Од починатите седум лица, двајца пациенти се од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите седум пациенти се починати во болнички услови.

Според досега завршените епидемиолошки анализи, во Скопје активни се 4.449 случаи, Охрид – 367, Куманово -365, во Кавадарци активни се 327, Тетово – 315, Велес – 269, Струмица – 258, Гостивар – 206…

Вкупниот број пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски