Ковид-19 биланс: 16419 активни случаи, 2622 починати, 798 пациенти на болничко лекување

Од:

Во земјава во деноноќието меѓу саботата и неделата часа беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67453, а на починати 2622.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите. За 24 часа во деноноќието меѓуво ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во претходното деноноќие се направени вкупно 2455 тестирања, регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пациенти, на возраст од 48 до 82 години, сите во болнички услови.

Од новите случаи на Ковид-19, 129 се во Скопје, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14. Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 289 пациенти.

Според епидемиолошки анализи во Скопје во моментов има најмногу активи лица на Ковид-19, вкупно 10022.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски