Ковид-19: 14 461 активен случај, 2696 починати, 670 на болничко лекување

Од:

Во статистиката на Министерството за здравство вчера беа регистрирани уште 361 заразен со Ковид-19, 14 починати, како и 2 116 оздравени пациенти. Активни се 14 461 случај, и понатаму најмногу во Скопје, каде има 8 653, по што следи Тетово со 576, Куманово, Гостивар, Охрид, Струмица и Кавадарци со по околу 400.

Информацијата за високата бројка оздравени објавена вчера од Министерството за здравство ја објаснуваат со тоа што во вчерашната статистика биле вметнати оздравените кои претходно не биле пребројани.

Во ковид центрите вчера е пријавено дека се лекуваат вкупно 670 пациенти.

Во државава досега се детектирани 7- 8 соја на вирусот. Направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ. Од последните летни месеци па навака преовладуваат два соја. Сега се прави генетско секвенционирање и на вирусот од последните две недели за да се види дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа којашто ја има во Велика Британија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88 749, на оздравени пациенти е 71 592, а на починати 2 696.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска