Ковачки: Премиерот лажеше и клеветеше, а сега дезертира и се крие зад имунитет

Од:

„Дезертерот што одби да си ја брани државата, а сега е премиер, лажно обвинува и дезинформира. На чело на државата имаме човек кој не си стои до кажаното и БЕГА од соочување со последиците од неговите неосновани и тендециозни обвинувања. Имено, пред извесен период поднесов тужба против Ковачевски, поради фабрикуваните лаги и неточни квалификации искажани од него кон мене во обид да се одбрани поради своите постапки на кои ниту јас, ниту било кој од ВМРО-ДПМНЕ сме го присилиле (тој избегал од војска во 2001 – и тоа е факт и сега, а ќе биде факт и после 10 години)“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој вели „тужбата ја поднесов затоа што Ковачевски јавно ме обвини дека:
1. Сум кодошел,
2. Сум крадел документи од АРМ,
3. Сум издавал информации и
4. Сум тргувал со информации со странски структури“.

Ковачки вели дека „Ковачевски исто така кажа дека „НАТО не сакал кодоши” со што јавно потврди дека сето погоре што го наведов, дека неговите безбедносни служби веќе вака фабрикувано го испратиле во Брисел со цел оцрнување. И сега, наместо да излезе пред Суд и да ги брани своите тврдења, Ковачевски исто како во 2001 кога избега и се криеше позади неговиот татко (градоначалник) со лажни дијагнози, така и овојпат избега од Судот и се сокри зад имунитет“.

„Граѓани на Македонија, имаме премиер кој искажува најгнасни лаги и тешки обвинувања за кои откако ќе го повикате да истите ги повтори и потврди со докази, тој бега и се крие зад имунитет“ пишува меѓудругото Ковачки.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он