Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

Од:

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по посетата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР).

– Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи! Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката! Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе, напиша Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Само членовите на Комисијата за контрола на АНБ и АР кои имаат безбедносни сертификати ќе ги проверуваат документите

Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, ќе претседава Скендер Реџепи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира