Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1

Од:

Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот. Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди рече на прес конференција ппратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Коваќки.

– Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ. И токму затоа, Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија. Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание. Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни, рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Османи со „Граѓанско око“ ќе се бори против корупцијата во Чаир

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он