Ковачки: Од Министерството за одбрана украдени класифицирани документи и компјутери со строго доверлива содржина

Од:

Повторно грабеж во Министерството за одбрана. И после 2 години од грабежот во централата на МО кога беа украдени униформи и друга опрема, случај кој до денес не е расветлен, денеска во центарот на Скопје, на улица Орце Николов е ограбена подрачна единица на Министерство за одбрана тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Од подрачната единица на Министерството за одбрана се украдени класифицирани документи и украдени се компјутери на кои имало класифицирани, односно строго доверливи податоци. Ова дело не е само за оставка, туку и за кривична одговорност. Срамот кој СДС – антимакедонска и’ го нанесува на државата, на одбраната и на безбедноста е огромен. Лично не се сеќавам на ваков аматеризам и неодговорност во Одбраната пишува Ковачки на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите