Ковачки: Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината, срамот и одговорноста од поведението на Џафери

Од:

Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание. Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери. Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин”. Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот