Ковачки: Ковачевски е тука за да ја разграбува Македонија, но не ги разбирам пратениците од владејачкото мнозинство кои ќе гласаат, а не знаат за што

Од:

На виделина излегоа сите лаги и манипулации на власта во врска со договорот за коридорите, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска расправа за пакетот закони за коридорите.

„Нас тука никој не ни кажа, со која земја од ЕУ ќе не поврзат овие автопати, зошто се половични, а не целосни, дали Владата има мандат да го прави ова, таа е Влада на сите граѓани и ова треба да го знаат сите“, рече Ковачки.

Ковачки се осврна како што рече конкретно за коресподентна табела за која како што рече е празна и потпишана само од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека Бочварски ги има пречекорено овластувањата и за тоа ќе одговара.

„Табелата е празна и еве ја лагата, амбасадорот на ЕУ вика ова што го предлагате дека не е во согласно со европското законодавство. Имате изјава од Билјана Ивановска од Антикорупциска која работи забрзано на законите дали се во согласност со европското законодавство, дали има корупција. И од друга страна Ковачевски кој вели нас не ни е важно што кажува ДКСК, не не интересира, ние мора да продолжиме со проектот“, рече Ковачки.

Според него е спорно како тоа мора да тера со проектот, а е последна година од владеењето.

„Ковачевски го разбирам е бегалец од правда, од судења, кој бегал да си ја брани државата, тој за оставка ги прашува Груби и Џафери, не излегол на избори и го разбирам, тој е за да ја граба и разграбува Македонија. Но, чудно ми е зошто вие го правите ова како пратеници, вие одите меѓу граѓаните, ветувавте многу, ветувавте правда и мир или се што ветувавте се излажавте. Немојте да го губите интегритетот вие сте пратеници. Имате кампања, останете со интегритет до крај. Како народни пратеници велите не сте го виделе договорот, а ќе гласате, како е тоа можно“, им укажа Ковачки на пратениците од СДСМ.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата