Ковачки: Колку е посветен СДСМ на НАТО можеме да видиме со тоа што немаме највисок воен претставник во Алијанса

Од:

Колку е посветен СДСМ на НАТО можеме да видиме со тоа што до ден денеска ние немаме највисок воен претставник во Алијанса во Брисел, смета Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која не се радува на членството на Македонија во НАТО.

Според Ковачки колку владата на СДСМ е посветена на НАТО може да се забележи и по тоа што македонската армија паднала за цели 12 места на светската ранг листа на Глобал Фајрпауер, како и по тоа дека владата не води грижа за војниците во делот на исхраната, парното греење и подобрувањето на основните услови за живот.

„Втората работа колку инвестираат во Армијата може да се види по последната скала на Глобал Фајрпауер каде што паднавме за цели 12 места од моментот на доаѓање на СДСМ на власт. Сега сме на 134 место, 6ти се од позади на таа светска ранг листа и последно колку се грижи СДСМ за војниците и за функционирањето на Армијата ,можеме да видиме само во делот на исхраната, парното греење и подобрувањето на основните услови за живот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела